20.08.2010
Ден
42, Македония

Еден ден, јас ќе станам тема во твоите приказни за неуспешните љубови. Некој ден, близок или далечен, ќе ме ставиш меѓу загради, набројувајќи ги своите порази и победи. Секој ден, ќе ме колнеш што не сум знаел да те сакам помалку, секој ден ќе плукаш по мене, што сум те сакал премалку. Ќе дојде ден и кога ќе воздивнеш и ќе посакаш уште еднаш да ме прегрнеш, а гордоста моја не ќе знае опаш да свие и околу тебе да се завие. Затоа, во овој ден, остани само уште една желба што никогаш не ќе се оствари....

12 просмотров
 
Комментарии

Комментариев пока нет.
Будь первым - напиши свой комментарий.

Дневники
Дневники обновляются каждые 5 минут