Za mojata ljubov
24, Македония

Отсекогаш барав некој како што си ти. И, кога сите ми кажуваа дека сум луда и дека таков никогаш нема да најдам. Ми се смееа зад грб, а јас чекав. Верував. И, дочекав да ми се оствари тој сон. Те запознав тебе. Посебна и прекрасна личност... САМО МОЈ! Сите оние кои ми се смееја зад грб и ме убедуваа дека таков како тебе не постои, сега дочекаа јас да им се смеам на нив. Но, тие не се важни. Важни сме само ти и јас. Важно е дека те најдов во овој непрегледен свет, полн со лаги, завист и злоба, а само ти си она доброто во него. И, се појави во последен миг, кога веќе почнав да верувам дека не постои љубов и се прашував себеси дали воопшто вреди да чекам. Но, најдов сила да верувам, да продолжам и понатаму да чекам. И, сега кога конечно те пронајдов сфатив дека не сум чекала само некој како што си ти. ТЕ ЧЕКАВ БАШ ТЕБЕ!

29 просмотров
 
Комментарии

Комментариев пока нет.
Будь первым - напиши свой комментарий.

Дневники
Дневники обновляются каждые 5 минут