Дневник пользователя DjoleMk

DjoleMk
36, Македония


Си размислувам вечерва пувкајќи луле
(од скоро му се вратив на тутунот), дека дедо
ми го познавал неговиот дедо, но не и прадедо
му. Татко ми исто го знаел дедо му но не и неговиот
прадедо. Јас не знам ништо за мојот прадедо освен за
тоа како се викал. Мојот син го запозна татко ми и беа
современици малку години, но можам само да му
раскажувам за прадедо му. Законитоста на
минливоста навистина е тешка...

https://www.youtube.com/watch?v=nvUeo5sagkA



Tече трета година од првата средба. Уште неколку месеци па полни три години. Некои слики се запишани само во главата. Некои за среќа се дигитализирани и не се зависни од помнењето. Главата се троши, околината се менува постојано, (земете го Скопје за пример) но некои траси остануваат трасирани засекогаш. Не постои повеќе прекрасниот италијански ресторан Витториа. Дали некој бил таму? Карши Рамстор на улица Мито Хаџивасилев Јасмин.

Да таму се сретнавме за првпат и останавме некои 5 часа. Сменивме 3-4 маси во барање на совршена позиција и конечно седнавме горе покрај стаклената ограда со поглед на прометната улица и Рамстор…


Животот е премногу краток. Дури си дете се прашуваш дали некогаш ќе пораснеш. Кога си млад се прашуваш дали некогаш ќе се заљубиш. Штом ќе се ожениш се прашуваш кога ќе имаш деца. Кога ќе дојдат децата се прашуваш дали ќе ги израснеш и изведеш на прав пат. Кога и тоа ќе се случи се прашуваш кај ти летна животот.
Колку 31-ви Декември? Колку први јануари, трети јануари ти прошле преку глава? Запрашај се така со секој битен датум од твојот живот и обиди се да се сетиш на некој таков датум пред години. Премалку во секој случај...
Но не очајувајте. Таков…


Мириса на пролет. За мене пролетта асоцира на сеење семиња. Од лани го открив органското градинарство (се разбирак како хоби) и годинава мислам да ја појачам мојата градина со нови растенија. За таа цел од сите страни на светот порачав разно разни билки.

Од Боливија ми стигнаа семиња од Перувијанска Маца, од Индија - Индиски Гинсенг - Ашваганда од Кина - Кинески панакс гинсенг од Португалија Гоџи Бери од Романија и Литванија Пауловнија. Од Америка чекам да ми стигне Ехинацеа од Мексико една билка што ја откриле тамошните Тарахумара индијанци. Од зелениот пазар во Скопје есента си купив садници Аронија,…


20.05.2014

Под дејство на Gnossienne No. 3 сакам да молчиме. Читајте меѓу редови, влезете во мое расположение, ако имате слична потреба медитирајте. Можеби ќе помогне Еnigma & michael cretu the invisible man да го смират лудилото. Околу музиката е полесно, сите имаме индивидуални вкусови.
Околу книгите... Илјадници книги чекаат да бидат прочитани. На 99% ќе им останат прочитани само насловите. Причина? Немање доволно животно време. Ќе треба да читам цел живот, за да ја изгребам површината на сите напишани мудрости а притоа да ја пропуштам приликата да ја прочитам вистинската книга.
А каде се креациите? Она за што постоиме, нешто да креираме за…


Сепак се ќе беше поубаво доколку никогаш не те сретнев. Ќе го живеев мојот здодевен живот мислејќи дека тоа е врвот на моето постоење. Сега кога доживеав нов врв, ме боли тоа што не можам да останам засекогаш. Планината одсекогаш ми била предизвик да ја искачам иако знам подеднакво голем предизвик е безбедно да се симнеш надолу. Запознавајќи го овој прекрасен врв од кој го гледам светот со вистински очи јас немам желба безбедно да се симнам.

Мојата желба е да скокнам...


Влегувам јас денес во еден од нашите молови набрзина земам нешто од делот кај спортската опрема и брзам кон касата која е на спрат. До таму мора да се стигне преку елеваторот кој води кон горниот кат.

Сакав да го изодам делот побрзо да стигнам до касата, ама после неколку изодени метри пред мене од двете страни на елеваторот се возат една до друга 4 дами па не беше згодно да ги одминам. Си велам ќе почекам елеваторот да ме извози и „уживам“ во нивната Естетика. Сите четири млади со Шамии, Мантили и ПАТИКИ. Комплетна складност и елеганција. Надвор по дождот…


Колку е битна оригиналноста во секоја работа (креација)?
Зошто копиите се толку лесно препознатливи?
Помал напор е потребен да искреираш нешто оригинално па макар една кратка хаику одошто да копираш текст и да го постираш било каде.
Тоа истото (копирањето) веќе го направил некој пред тебе и се се сведува на плагијат.
Како може да биде интересен плагијат направен без ништо лично и без нималку напор, ниту без објавување на изворот.
Вкусот на некои персони можеш да го провериш само преку изборот на плагијати, особено што кога некој таков ќе напише нешто лично сфаќаш со кого си имаш работа.
(На увид на…


Незнам зошто баш вечерва повторно си ја поставувам старата дилема.

Што е постаро јајцето или кокошката.

Религиозните би рекле дека кокошката е постара бидејќи нели Бог ги создал сите суштества.

Еволуционистите би рекле дека постаро е јајцето бидејќи нели кокошката се извела од јајце.

Едно време бев религиозен, едно време бев еволуционист а вечерва се прашувам.

Па каде е Петелот во целава приказна :(



05.06.2016

Малку да се насмеете...
Шета униформиран чувар на редот во парк и му се пуши. На една клупа седи сам човек и некого чека. Извинете му вели униформираниот господин. Имате цигара? Немам по малку луто му одговара вториов, ама имам саат. Па што да не треба да пушам саат? Не мораш саат може и пола саат.


Дневники
Дневники обновляются каждые 5 минут