Мала војничка
36, Македония

Или мала ментална гимнастика.

Неколку денови на насловна на ТОП стои едно блогче под наслов „нови времиња нови проблеми“.

Несакајќи народот да живее во заблуда, помалку насекиран и за непотребните ментални грижи на авторот веднаш се решив да му коментирам, да му дадам гајрет и му гласав зелено, но му укажав на неточностите.

Тој ми врати нешто у стилу дека сум немал везе (како него) и да сум одел да читам Загор и Чико. Нејсе и јас му порачав да им се врати на тие романчиња бидејќи отприлике тоа е врвот и на неговата интелигенција.

Утрето приметив (извинете на жаргонскиов речник, морам вака, за да не биде жалосно) дека како прво меша космички зрачења со озонски дупки - што би се рекло баби и жаби и да не се грижи за здравјето и крајот на планетата кој сеуште фала богу не е на повидок.

Тој таквиот коментар го избришал и ме блокирал по што се помирив со судбината дека не можам да му го сменам животот и заблудите и дигнав раце од него. Арно ама, денес приметив дека човекот цитирал дел од моите коментари, дека разбрал за 11 годишниот циклус на сонцето и дека имало џиновска експлозија на површината на сонцето која можела да проголта стотици планети како нашава (ако и се најдат на патот нормално). По аналогија тоа му доаѓа исто како со еден удар да утепате 200 муви што спокојно го цицаат сокот од лубеницата на вашата маса и нема да летнат кога ќе ги згмечите.

Арно ама таквиот сензационализам го користат луѓето склони кон најави за крај на светот кој ова типче уназад со години го застапува. Демек ова годинче било крај на светот (некаде во декември) и удри бригу на весеље како што самиот вели или можда навали народе на опијање, оргијање и слично.

За неточностите на тие теории нема да пишувам туку како што вели самиот тој гуглајте малку :)

Арно ама реалноста е сосема различна и земјата ќе си биде зелена уште многу години, а глупоста на неа ќе живее се дури постои и човештвтото на неа.

Значи не е исклучено дека човештвото ќе исчезне од планетава ама тоа е поради неговата глупост и сопствениот камен по глава, но не поради сонцето и космичките зрачења или поради земјава што фала и не храни толку генерации дури од времето кога висевме по гранки.

Значи луѓе спокојно и разумно.

Се е релативно освен глупоста.

29 просмотров
 
Комментарии

Комментариев пока нет.
Будь первым - напиши свой комментарий.

Дневники
Дневники обновляются каждые 5 минут