Дневник пользователя DjoleMk

DjoleMk
36, Македония

16.02.2012

Сакам да бидам максимално прецизен. Што е она најшармантно, најотворено, најсекси нешто што ве привлекува тука? Сакам да створам една објективна слика спрема вашите субјективни гледања. Дали тука ви е добро? Дали ви беше подобро? Може ли да предвидите како ќе се одвиваат работите во иднина? Колку овие виртуелни пријателства се реализираат во реалноста? Колку луѓето се отворени (претежно се себични).

Потрудете се малку да ми одговорите а јас ќе се доискажам преку одговори на вашите коментари.

песниче


Ме прекоруваат зошто се мора во 5 до 12. Или поточно зошто многу работи сум оставил за последниот ден во годината. Одговорот е многу јасен за мене. Да не беше 4 до 12 многу работи би останале несвршени. Незнам колку сум во право но сметам дека секоја работа си има свои 3 минути... Еве уште пар минути и готово. Сработено :)


04.11.2016

Еден маж со пила

Си најде жена со шума
:)


На триесетте години од првата средба,

ќе те чекам на истиот булевар
што сеуште не го променил називот:
Партизански одреди
кај Градежниот факултет

Облечи патики, фармерки
и долг бел џемпер
исто како оној октомври шести
осумдесет и шеста.

Се’ е кажано,
и се е свршено помеѓу нас.
Остануваат спомените
во неколку илјади фотографии
десетици часови видеа
и бесценето богатство...


https://www.youtube.com/watch?v=H5RbFVXzCqE


Или мала ментална гимнастика.

Неколку денови на насловна на ТОП стои едно блогче под наслов „нови времиња нови проблеми“.

Несакајќи народот да живее во заблуда, помалку насекиран и за непотребните ментални грижи на авторот веднаш се решив да му коментирам, да му дадам гајрет и му гласав зелено, но му укажав на неточностите.

Тој ми врати нешто у стилу дека сум немал везе (како него) и да сум одел да читам Загор и Чико. Нејсе и јас му порачав да им се врати на тие романчиња бидејќи отприлике тоа е врвот и на неговата интелигенција.

Утрето приметив (извинете на жаргонскиов…


Кога синот (ќерката) не го гледаш со денови или не се појавува да те поздрави и да ти каже добар ден или догледање.
Кога прв братучед не те кани на свадба на неговиот син - твој внук и тоа му се случува веќе втор пат. Кога први братучеди не си ги видел по десет години и почнуваш да ги гледаш само по погреби.
Кога некој што си мислел дека ти е најдобар пријател ќе те навреди без да ти се извини.
Кога соседите отворено или затскриено работат против тебе (нив кој ги е..)
Кога остануваш речиси сам. Тогаш се прашуваш вреди ли да се…


28.09.2012

Сепак Борко 412 :)

Убавиот глас кај убава жена, во комбинација со интересен соговорник за убавината да биде комплетна. Иако да се разбереме убавината е комплексна појава. Убавата неможе да облече вреќа затоа што е естетско суштество. Не смее да биде премногу дебела бидејќи се грижи за линијата, Чешлањето хмммм, ма мора да се грижи за косата, знаеш ли колку е убава негувана женска коса, Шминка еххх. Дискретна шминка не пречи. Сето тоа во комбинација со чувствителност, убав глас како што реков, длабок поглед или очи без дно. Лице од кое можеш лесно да забележиш што чувствува во моментот.

убавината…


Секако најбитна е љубовта и духовната поврзаност со партнерот бидејќи без тоа афродизијаците немаат смисла.

Сепак дали одредена храна или додатоци во исхраната имаат забележително афродизијачко дејство врз Вашиот сексуален живот.

Одговорете ми искрено без да пребарувате на нет, а ако некој се срами нека пише во инбокс.

Ме интересира дали некој користел вијагри и тие чуда и како му се покажале.

Бујрум со коментари ;)


Секој живее во свој филм. (толку евидентно од овој сајт)

Сите бараме начин како максимално да уживаме во животот.

Наша основна цел е да најдеме сродна душа за заеднички живот.

Вистина е дека порано или подоцна, помалку или повеќе сите не повредуваат.

Битно е барем да најдеме луѓе што се вредни за нашето подоцнежно страдање.



Не треба многу за да процениш човек. Барем за себе сметам дека умеам лесно некого да проценам. Не ми треба многу да утврдам колку некој „тежи“. Чудно но најмногу тежи она што најтешко се мери - духот, умот, интелектот.

Она што се мери во ланци, џипови, чевли. чанти тоа не ме тангира ниту фасцинира. Напротив ми предизвикува гадење, особено ако субјектот е ефтино човечко суштество. Ако за некого/која имам и најмала дилема тогаш нешто не е во ред и проценката паѓа далеку под 10-ка.

Ако за нешто немам дилема дека е добро или барем посебно тогаш тоа мислење останува засекогаш.

Површност владее…


← предыдущая 1 2 3 следующая
Дневники
Дневники обновляются каждые 5 минут