Приказна за неделните утра
42, Македония

Никогаш не знаете што може да ве снајде во едно типично неделно утро. Сите спијат, истоштени, уморни, завиени в постела, пловат во некој далечен свет. Ако ја имате таа (не)среќа да останете будни, тогаш којзнае што може да ви се случи? Неделните утра се демонско време. Тогаш нечестивите ја користат секоја секунда за да исцедат живот од некое ново наивно суштество кое залутало по патот на сончевите зраци! О, ако за бога знаете, сокријте се од секое едно проклето неделно утро!

Уште потешка судбина ќе ве снајде ако заспиете токму пред неделното утро или поточно кажано ако загубите свест. Тогаш ќе ви се случи истото она што ми се случи мене.

Се разбудив во туѓ кревет. Собата изгледаше како онаа во куќата од мојот пријател, но нешто беше многу чудно. Можеби придушеното светло, можеби превртените парчиња мебел или пак непознатата жена што седеше на стол крај креветот, пушеше цигара и гледаше како спијам.

– Која си ти? – прашав во бунило, триејќи ги очите.

– Не се сеќаваш? Прашај го малиот. Со него подобро се запознавме – одговори, испуштајќи чад од себе.

– Не лажи, немам ништо со тебе! – викнав.

– Може ќе имаш. Ништо не се знае – говореше смирено, со злобна насмевка распослана по лицето - ќе видиме за девет месеци.

Ме обли студена пот. Главоболката не ми дозволуваше да се сетам што се случувало само неколку часа порано. Се вртев наоколу, барав некој детаљ низ собата што ќе ми ја раскаже приказната во која очигледно бев главен лик, но попусто!

– Никогаш повеќе нема да гледаш исто на твоите слатки мамурлаци, нели? – праша цинично.

– Што се случи? – по неколку минути молк, прашав во немоќ.

– Ах, прекрасно беше. Додека пиевте, откако дојдов, цело време ме зјапаше у цицки. Знаев дека ме посакуваш.

– Не лажи!

– Ако јас лажам, малиот не те лаже. Ми кажа дека не скокал по секоја. Е, по мене се изнаскока!

Со обете раце се фатив за глава, размислувајќи дали сето тоа што го чув е возможно. Дури тогаш забележав дека лежам под тенкиот чаршав сосема гол, а таа на себе ја има мојата широка маица. Истата маица што во тој момент ја соблече. Голата непозната жена одново ми се нафрли. Скокна врз мене, а јас не можев да се одбранам. Сите мускули во телото ми беа слаби и речиси неупотребливи. Се чувствував како да ме прегазило некое градежно возило. Не можев да се поместам ни милиметар.

– Добро јавам, нели? – праша, смеејќи се како вештерка.

Не можев ништо да сторам. Молчев. Знаев оти така нештата побргу ќе завршат, побргу ќе се ослободам од злото што ме снајде.

– 4 партии? Не за џабе си бладал цело време за таа твоја четворка – ми рече додека се симнуваше од мене. – Ќе те начекам повторно некогаш. Можеш да сметаш на тоа!

Најпосле останав сам со своите мисли. Отпочнав потрага по облеката....

Не постои ништо постудено од неделни утра. Во нив, сите возови се движат во спротивна насока. Во нив, сите приказни се раскажуваат додека спиете.

2 просмотров
 
Комментарии

Комментариев пока нет.
Будь первым - напиши свой комментарий.

Дневники
Дневники обновляются каждые 5 минут